Првиот случај на така наречен флу- рон е потврден во Хрватска, откако е регистрирано лице кое во исто време било заразено и со ковид 19 и со грип. Случајот е регистриран во Институтот за јавно здравје од каде велат дека на трети јануари биле откриени околу 50 отсто позитивни на ковид 19, што е многу во споредба со пред една недела кога имало 30 отсто позитивни примероци. Истакнуваат дека дека ретко кој од ковид 19 се разболува три пати, но дека има и такви кои два пати заболеле од оваа болест, иако биле вакцинирани.
Од Институтот велат дека се следи состојбата со омикронот кој многу полесно се шири, а инкубацијата е многу пократка и трае од пет до седум дена.