Вести Култура Магазин

Дали киното ја победи короната- новиот Спајдермен е прв филм во пандемијата со заработени милијарда долари од влезници

Точно 2 години траеше кино постот, а ниту еден филм не заработи милијарда долари на кино благајните од божикните премиери во декември 2019-та.

Падот го предизвика корона-пандемијата и затворените кино сали во прогласените карантини низ целиот свет. Сите пролетни премиери лани беа откажани.

Просторот и шансата ги искористија стриминг сервисите како Нетфликс, Хулу и новоотворените мрежи како на гигантот Епл. Овие сервиси ги откупуваа неприкажаните премиери и ги емитуваа по принципот на месечна преплата.

И кога после неуспехот на киното да се врати во игра минатото лето сите почнаа да го испраќаат во историјата со извикот “киното е мртво”.

Секако после ваков извик следува вториот дел од поговорката. А, “да живее киното” е дело на супер-херој, не смее да биде поинаку.

Спајдермен, последниот филм за човекот пајак е спасителот на киното.

Spider-Man: No Way Home е последното филмско остварување за супер херојот Питер Паркер: но прво кое во време на пандемија оствари заработка од над милијарда долари (1,05 поточно).

– Овие бројки не би биле премногу импресивни за предпандемиската ера. Но за новиот Спајдермен кој со спринт успеа да стигне со милијарда долари на вакво ниво на пазарот, е многу тешко да се сфати како успеа, истакна Пол Дегарабедијан, медиумски аналитичар за CNN.

Spider-Man: No Way Home успеа да ја надмине оваа сума за 12 дена со прикажување на глобалниот кино пазар. Во САД за првиот викенд заработи 260 милиони долари. Сепак станува збор за импресивни бројки. Викенд заработката во САД е втор најдобар резултат на кино благајните, додека рокот за вкупната заработена сума на светско ниво е трет најкраток за милијарда долари.

Спајдермен:Нема пат до дома, игра и во македонските кина односно во Скопје. Предновогодишната атмосфера и корона мерките предизвикаа бум и распродадени карти, па гледачите ден два однапред купуваат билети.

-Не смее да се преценува значењето за филмската индустрија, сегашното огромно достигнување на филмот кој стигна до  високата заработка, е коментарот на Дегаребедијан.

Но, едно е сигурно, Спајдермен успеа да ги врати гледачите пред големото платно низ целиот свет.

Првиот пандемиски билион-филм е во режија на Џон Вотс, Спајдермен/Питер Паркер го глуми Том Холанд, а неговата љубов М Џеј Џонс ја толкува Зендаја.

Во филмот настапуваат и извонредниот Бенедикт Камбербач, добро познатиот негативец уште од првото продолжение на Спајдермен Вилием Дафо и оскаровецот Џејми Фокс.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе