Ковид19 Македонија

Дојранските плажи полни со туристи

Дојран е полн со гости. Пандемијата не ги поколеба домашните туристи
да уживаат покрај езеро за продолжениот илинденски викенд. Со маски,
без маски, врие на плажите и шеталиштето. Општината проценува дека
викендов во градот има околу 20.000 гости.

Градоначалникот Ангов вели дека ангажирањето редари е за гостите но и
домаќините да се чувствуваат безбедно. Тие се присутни во текот на
целата сезона, а особено за време на викендите кога има поголема
гужва.

Туристите не се исплашени, но сведочат поразличен одмор. Велат дека
ако се почитуваат мерките сите ќе се поопуштени.

Сместувачките капацитети во Дојран се полни до септември. Бројот на
остварени ноќевања се очекува да го надмине ланскиот, кој се движеше
околу 100.000.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе