Ковид19 Свет

Рекорден пад на БДП на САД во второто тримесечје поради Ковид-19 

Бруто домашниот производ  на САД во второто тримесечје се намалил за рекордни 32.9 проценти, најголем пад на економијата после Големата депресија (1929-1933), а како резултат на пандемијата на коронавирус што предизвика запирање на потрошувачката и бизнис активностите во земјата.

Како што соопшти Министерството за комерција, најголем дел од овој пад е забележен во месец април, кога речиси сите бизнис активности во САД запреа, со затворањата на рестораните, кафе баровите и фабриките што започна кон средината на март.

Белата куќа и Конгресот договорија нов пакет помош за економојата и нови исплати за помош на Американците. Се работи за пакет мерки од 3 трилиони долари за помош компаниите да исплатата плати на вработените и продлжување на исплатите од 600 долари неделно за милиони невработени Американци што истекуваат оваа недела.

Во меѓувреме, намалувањето на бројот на пријави за невработеност кое започна во мај, застана на одредено ниво во јуни поради новите случаи на коронавирус регистрирани насекаде низ земјата.

Според Министерството за труд, новите пријави за исплата за невработеност се зголемиле за 12.000 до 1.43 милиони за минатата недела. Додеак вкупно 30.2 милиони Американци добиле исплати за невработеност заклучно со неделата што заврши на 11 јули.

Пандемијата ги урна цените на нафтата, производството на сориба нафта од шкрлици е сериозо намалено и отпуштања има и во оваа област. Според министерството, прометот во рударскиот сектор во второто тримесечје бележи пад од 34.9 проценти додека градежните работи на станбени објекти се намалени за 38.7 отсто.

Пандемијата создаде пречки во глобаната трговиј и го го намали увозот и извозот од САД.

Економистите предупредуваат дека доколку Владата не го исплати и второт пакет мерки и тоа мошне бргу, и не презеде план за запирање на вирусот, американската економја може да отиде во колапс.

Претседателот Доналд Трамп, чија популарност се лизга надолу поради протестите против расизмот, неуспешното менаџирање на пандемијата и економската криза на три месеци пред изборите на 3 ноември, синоќа изјави „не се брзаме“ со реализација на мерките.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕК виновна за нетранспарентност, пресуди Судот на правдата на ЕУ

Дејан Дејан

Киев и Москва утре во Истанбул на први директни разговори по 2022 година

Дејан Дејан

Одобрен 17. пакет санкции против Русија- санкциите ќе опфатат и компании од Виетнам, Србија и Турција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе