Ковид19 Македонија

Уште една конфекција во Штип пријавила позитивни на Ковид-19

Штипскиот текстилен кластер се зголемува, уште една една конфекција влегува во него. По откривањето на денешниот прв случај и се заканува клуч на врата, препорака на епидемиолозите е да се затвори, а работниците да бидат пуштени на колективен одмор, со цел вирусот да не се шири.

Во моментов се прават епидемиолошките анкети и се утврдуваат контактите на заразениот работник со колегите, но и со семејството и пријателите. Досега 19 конфекции се зафатени со вирусот. Во Штип нема институција, каде што нема по еден или неколку случаи, деновиве во најголемото комунално претпријатие на истокот регистрирани се три позитивни случаи. Причина за ширење на вирусот не се само институциите, фабриките, туку и собирите, дружбите што си ги прават граѓаните по работното време. Министерот за здравство, Венко Филипче за Телма вели дека сепак  состојбата во Штип е под контрола.

Штип денеска има повторно двоцифрена бројка, во споредба со минатите денови има благ пад. Но, од вчера бројката на хоспитилазирани се зголемува. На инфективното се лекуваат 49 пациенти, од кои петмина се новопримени, а девет се со повремена кислородна поддршка.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Таравари објави дека крилото на АА оди во опозиција: Се враќаме меѓу граѓаните

Дејан Дејан

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе