Македонија Топ вести

ДУИ со непристојна понуда до политичките партии на Албанците – Алијанса веќе и одговори негативно

Политички маневар на ДУИ за правење отстапка од барањето Албанец за премиер и наметнување како партија лидер кај Албанците. Вака дел од политичките аналитичари ја толкуваат понудата која Интегративците викендов ја испорачаа до другите партии од албанскиот политички блок, а со која меѓу другото бараат политичките партии на Албанците на изборите да не се тркаат со повеќе од две листи.

„Главното предизборно ветување за премиер Албанец сега ДУИ ја става во позиција што таа мора да се повлекува со некој политички маневар со кој ќе може да се оправда пред своите гласачи“, вели за Телма политичкиот аналитичар Сефер Селими.

Платформата на ДУИ предвидува онаа партија која ќе добие глас повеќе да ги претставува Албанците во разговори со сите другите заедници и да може во име на сите пратеници Албанци да зборува за стратешките линии, како и да биде главен коректор на дневно-политичките прашања. ДУИ бара и пратениците на партиите кои не победиле, да не водат разговори на страна за да ги ослабат преговарачките позиции на победничката партија, а предвидува и можност за соработки меѓу албанските политички партии.

Според Селими ДУИ за да се повлече од своето клучно барање на изборите ги става во залог другите политички партии на Албанците. Таа им нуди нешто што е тешко прифатливо за нив, за што потоа ДУИ може да ја префрли вината за слабеење на позициите на Албанците во политичките преговори.

„Колективните права кои што се зацртани како битни и суштински за граѓаните Албанци во Република Северна Македонија, секако дека може да се кооординираат и без да се наметнуваат вакви услови и столбови. Секако дека треба и претпазливо и од другите политички партии, особено во албанскиот политички блок, да и пристапат на оваа понуда. Дали ова ќе се исполни од страна на ДУИ? Мислам дека ќе биде тешко остварливо“, смета Селими.

Освен чисто партисиките интереси ДУИ со платформата сака и да се претстави и како политичка партија лидер кај Албанците, смета Селими, и да го земе целиот легитимитет за преговори за прашањата кои се стратешки и од голем интерес за Албанците.

„Ова може и потекнува и од лошото искуство кога се наметнуваше коалиција меѓу ДУИ и ДПА, која се покажа како нефункционална и дека не може да испорача добри резултати. Меѓутоа политичкиот контекст е веќе сменет во Република Северна Македонија и политичкотот организирање на Албанците не може да биде сведено на две политички листи“, вели Селими за Телма

Селими смета дека бројките од изборите ја наметнуваат ДУИ како клучен фактор на формирање на која и да е влада и оти платформата на ДУИ е за подолг рок, пред се потиснување на политичките конкуренти, кои на овие избори се покажа дека им дишат во врат на Интегративците.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма интервју со Крис Павловски: Не сум ја организирал ниту сум ја платил посетата на македонската влада на инаугурацијата на Трамп

Дејан Дејан

Петрушевски во Топ Тема: Предлог законот на СДСМ за настраданите во Кочани е неприменлив во некои членови и делумно неуставен

Дејан Дејан

Бочварски во Топ Тема: Освен финансиска помош законот за помош на семејствата на настраданите во Кочани ќе има и здравствена и социјална компонента

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе