Сите партии кои освоија советнички места во Центар се подготвени позитивно да одговорат на повикот на граѓанската иницијатива ,,, Шанса за Центар,, да се отвори конструктивна дебата за усогласување на изборните програми.
Ќе се разговара за финасиската одговорност, транспарентност и отчетност на општината, модернизација на инспекциските служби, урбанистичкото планирање и градење и вклученоста на граѓаните во процесите на одлучување. Тројцата советници нема да коалицираат со никого а ќе соработуваат со секој кој ќе понуди квалитетни решенија.
Во општина Центар соодносот на силите е 9 советници од СДСМ, 7 од ВМРО ДПМНЕ, по тројца од Левица и Шанса за Центар и 1 советник од ЛДП и ДОМ.
Независните советници ќе бидат балансот на советите во општините.
Нив ги има во околу 60 општини, што според познавачите на состојбите не е за потценување.
Високиот број на освоени советници е доказ дека граѓаните ги казнуваат политиките на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ, вели Александар Кржаловски.
До вториот круг од изборите остануваат уште 6 дена а по објавувањето на конечните резултати ќе се формираат и советите на општините.
Јулијана Пешевска