Уште едно олабавување на ковид-мерките.
Владата го укина ограничувањето на бројот на гости на една маса во кафеаните.
Дозволи и поголема исполнетост на капацитетите, и во отворениот и во затворениот дел.
На една маса сега ќе може неограничен број гости, а угостителските објекти и внатре и надвор ќе работат со 50% од капацитетот.
За организирање прослави, веселби и свадби, остануваат во сила постојните мерки и протоколи.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
