Вести Македонија Топ вести

65-годишна жена од Држилово е жртвата на домашното лекување од КОВИД, не е откриен лекарот што одел дома да ја лекува иако била во многу лоша состојба

Лекарка од градска болница “8-ми септември“ го пријавила домашното трагично лекување на пациентка болна од Ковид. Според информации на Телма, лекарка вработена во градската општа болница „8-ми септември“ го пријавила случајот на домашно лекување на пациент од непознат лекар, без за терапијата да биде информиран матичниот лекар.

Лекарката од ГОБ пријавила откако пациентката стигнала во болница во критична состојба, со ниска сатурација и по неколку часа починала додека во дневната болница чекала резултати од рентген и за лабораториска анализа на крв.

Починатата била на 65-годишна возраст и подлегнала на тешката болест на почетокот на октомври, две недели по дијагностицирањето со корона.

Државниот здравствен санитарен инспекторат денеска соопшти дека за случајот е известено МВР, без да прецизираат детали кој лекар неуспешно и дома ја лекувал пациентката заразена со корона и од каде е пациентката.

Од Инспекторатот известуваат дека добиле претставка од здравствен работник, за починато лице инфицирано со Ковид-19, кое по утврдената дијагноза од матичен лекар, по 14 дена од инфекцијата, дошло во Ковид центар, во многу лоша здравствена состојба и починало на само неколку часа по приемот.

Блиски родини на починатото лице, дале податок дека сега веќе починатото лице било лекувано седум дена во домашни услови со инфузиона терапија и ги навеле точните називи на лековите кои биле давани, а истите ги посочил во писмен допис и здравствениот работник кој извршил прием на пациентката каде починала, стои во соопштението.

Роднините на починатата не го кажале името на лекарот, но знаеле дека тој на 65-годишната жена и давал инфузионен раствор со два вида на растворени лекарства. Починатата е од село Држилово во општина Сопиште, а нејзиниот матичен лекар кој не знаел за ова лекување е во Кисела Вода

На 5-ти октомври пак во ГОБ „8-ми септември“ осамна соопштение со забрана на здравствениот персонал да пружа медицински услги на пациенти во домашни услови.

– Поради сознанија дека вработени во болницата извршуваат здравствени услуги на пациенти во домашни услови, ви укажуваме дека ваквите активности се строго забранети. Секое непочитување на ова укажување од страна на вработен во болницата, ќе биде најстрого санкционирано, стои , пишува во документот кој го објави „Слободен печат“.

ДЗСИ денеска упати апел граѓаните кои се позитивни на Ковид 19, да не прифаќаат лекување во домашни услови, ако за тоа не се изјасни матичниот лекар и задолжително да побараат пишан документ за терапијата и начинот на лекување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе