Вести Македонија

По кражбата на ракетни фрлачи од Еурокомпозит, раководството на фабриката бара извинување од синдикалецот

Раководството на фабриката 11-ти Октомври Еурокомпозит од Прилеп бара јавно извинување од синдикалецот во фабриката Роберт Богданоски кој гиобвини менаџментот за кражбата на оружјето ко се случи во необезбедената и затворена фабрика.

-Ние се сомневаме дека раководството на фабриката ги прави овие кражби. Затоа што обични граѓани ниту знаат каде се магацините ниту како да стигнат до нив. Се работи за зграда во која е влезено на први и на трети спрат, токму таму каде што е оружјето, изјави Богданоски за медиумите во четвртокот.

Изјавата ја демантираат од раководството на фабриката.

-Ова изјава ние како раководство, целосно ја демантираме и бараме од претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски јавно да се извини пред сите медиуми кои биле присутни. За нас, неговата изјава претставува клевета и навреда на нашиот углед и доколку не се извини јавно, ќе мора да ја докаже пред суд, стои во писмената реакција на менаџментот на наменската фабрика од Прилеп која е во државна сопственост но не функционира и работи речиси две години.

Како што објави Телма, при кражбата извршена меѓу 03. и 05.10.2021. украдени се четири боеви рачни ракетни фрлачи „ПОС 120мм“ без муниција, еден школски рачен ракетен фрлач од истиот тип „ПОС 120мм“, една школска „зоља“ и 4 кабли во должина од 40 метри.

Претходно од фабриката се украдени и други вредни работи како што е трафостаницата. До кражбата на оружјето, фабриката Еурокомпозит не била обезбедувана и заштитувана иако во неа има оружје. По кражбата, првиот ден ја обезбедуваше полицијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе