Македонија Топ вести

Од денеска парно греење за скопјани

Од денеска започнува испораката на топлинска енергија до потрошувачите поврзани на системите за централно греење во Скопје, што се врши по строго утврдени правила во зависност од атмосферските услови и надворешните температури, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Според регулативата, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што корисниците имаат обезбеден комфор и загреани домови согласно стандардите, односно температури во домовите не пониски од 20 +1 степен Целзиусов. Во исто време, со овие правила на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални трошоци за греење на потрошувачите, прецизираат од РКЕ.

При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, нагласуваат, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува.

Оваа година грејната сезона започнува пред официјалниот старт на грејната сезона – 15 октомври, поради тоа што просечнaта дневна температура за следниот ден е пониска од 12 степени, заради што РКЕ даде одобрение за испорака на топлинска енергија за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите, посочуваат од регулаторното тело.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Убиство со пиштол купен за 1 100 евра, девојка-возач за бегство и многу мистерии дали за штипската престрелка на турски државјани е одговорна дрога, девојка или одмазда

Дејан Дејан

Обинителство отвори истрага против пет лица за убиството во Штип

Дејан Дејан

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе