Ковид19 Свет Топ вести

Aлармантна ковид ситуацијата во Србија

Да се затворат угостителските објекти и да останат да работа само прехранбените продавници, аптеките и бензинските пумпи, предлагаат вирусолозите во Србија.

Велат дека епидемиолошката ситуација со ковид земјата станува алармантна и итно е потребно да се воведат нови рестриктивни мерки. Но, доцна е за барање вакцинални сертификати во затворените простори.

Тврдат дека болеста најмногу се шири кај невакцинираните и со тоа што голем број луѓе не сакаат да примат вакцина против ковид овозможуваат вирусот да добие на сила, а луѓето да развиваат тешка клиничка слика, а со тоа да се преполнуваат болниците.

Со осум илјади на ден заразени и 40 починати, ситуацијата е најлоша од почетокот на пандемијата велат епидемиолозите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Излезните анкети навестуваат победа на „Самоопределување“ на Курти на предвремените избори во Косово

Igor Trajkov

 СДСМ со нова идеолошка платформа ќе врши притисок врз власта

Igor Trajkov

КОД – Посебни истражни мерки за борба против криминалот за кои граѓаните не ја знаат цената

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе