Со најновите измени на Изборниот Законик, ДИК преку упатство ќе им овозможи на гласачите доколку ги исполнуваат условите веднаш да бидат запишани во Избирачкиот список и да може да гласаат. Паравото ќе може да се оствари доколку гласачот претходно поднел приговор.
ДИК одлучи да ги зголеми надоместоците на претседателите на општинските изборни комисии за 6000 денари. За целиот изборен процес, од денот на распишување на изборите па се до нивното завршување, тие ќе добијат надоместок во висина од 26 000 до 66 000 денари во зависност од големината на општинската изборна комисија. Се зголемува и хонорарот за членовите на избирачките одбори од 3000 на 4000 денари за еден изборен круг.
Јулијана Пешевска
