Кандидатот на СДСМ и коалицијата Горан Герасимовски довербата и гласот од граѓаните на општина ќе ги бара со програма во 5 столба за решавање на најголемите проблеми.
-Прво, решавање на проблемот со уличната хигиена. Со проширување на дејноста на ПОЦ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и во секое време. Ќе обезбедиме „маалски патроли“ кои ќе бидат задолжени за грижа и заштита од уништување на јавното добро. Второ, Центарци заслужуваат повеќе, но пред се загарантирани резидентни паркинг места. Затоа, се обврзувам да обезбедиме целосно нови паркинзи на најпроблематичните места и тоа, во Дебар маало, Буњаковец и Капиштец, истакна Герасимовски на денешната промоција за кандидат, на почетокот на изборната кампања.
Третиот столб на програмата е хумана урбанизација со заштита на јавните простори и земјиштето во сопственост на општината, 4-от програмски столб е силно вложување во капитални инвестиции меѓу кои обнова на најмалку десет енергетско ефикасни фасади уште во првата година, а вкупно 30 до крајот на мандатот. Герасимовски ветува дека ќе има директна комуникација со граѓаните која ќе помогне во решавање и задоволување на сите потреби
Општина Центар ќе добие ново и поголемо зеленило, чист јавен простор, капитални проекти, организирана урбанизација и повеќе резидентни паркинг места, соопшти денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник од СДСМ и Коалицијата, Горан Герасимовски.
Носител на листата е ракометниот тренер Андријана Будимир Филиповски. На презентацијата Герасимовски ги претстави кандидатите од советничката листа за кои рече дека со нивното искуство и знаење во различни области, се обврзуваат да работат чесно и одговорно, во интерес на граѓаните.
