Вести Македонија

Русковска го одби барањето на Орце Камчев, Лиле Стефанова останува обвинител во „Плацеви на Водно“

Обвинителството го одби барањето за изземање на јавниот обвинител Лиле Стефанова од случајот „Плацеви на Водно“ како неосновано. Решението го донела раководителката на  Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска, на барањето поднесено од одбраната на обвинетиот Јордан Камчев, за што писмено е известен и скопскиот кривичен суд.

Адвокатот Еленко Миланов исткна дека  барањето за изземање го поднеле врз основа на поднесена кривична пријава против Лиле Стефанова која е застапник на обвинението.

Пријавата е за постоење на основано сомнение за кривично дело несовесно работење во службата како и поднесување лажни докази, односно одбраната тврди дека со обвинителниот акт за Плацеви на Водно се земени и докази-изјави од екс премиерот Никола Груевски кои се давани во друга постапка на скопското обвинителство.

Откако Стефанова остана како обвинител, денешно рочиште во Основниот кривичен суд во  Скопје, продолжи со презентација на останатите докази од доказниот материјал на обвинителството.

Според обвинението за овој случај, Никола Груевски е обвинет за делата „перење пари и за противправно стекнување и прикривање на имот“.

Неговиот кум, Ристо Новачевски, бизнисмените Ненад Јосифовиќ, Орце Камчев и неговата мајка Ратка Куновска Камчева се товарат за „перење пари“, а првиот братучед на Груевски и поранешен директор на УБК, Сашо Мијалков, е обвинет за „помагање при кривично дело перење пари и други приноси од казниво дело“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе