Ковид19 Свет Топ вести

Норвешка по 561 ден ги укинува сите ограничувања воведени поради Ковид-19

Норвешка од денеска целосно се отвора и ги укинува мерките воведени поради пандемијата на Ковид-19, кои ги ограничија физичките контакти и блокираа голем дел од економијата.

Ова е 561 ден откако ги воведовме најстрогите мерки во Норвешка во мирно време. Сега е време да се вратиме на нашата вообичаена рутина, изјави премиерката Ерна Сулберг на прес-конференција.

Ограничувањата за коронавирусот ќе бидат укинати денеска од 16 часот по локално време.

Одлуката повеќе да не се бара физичка дистанца ќе им овозможи на културните и спортските места во Норвешка да работат со полн капацитет, рестораните повторно да бидат полни, а ќе се отвораат вратите и на ноќните клубови.

Сулберг веќе заврши три од четирите фази во владиниот план за постепено укинување на социјалните и економските ограничувања што беа воведени во март минатата година. Сепак, почетокот на последната фаза беше одложен неколкупати поради стравувањата од можно зголемување на бројот на заразени лица.

Иако повеќето луѓе сега се враќаат во нормалното секојдневие, пандемијата не е завршена. Луѓето ќе продолжат да се разболуваат, па затоа е важно сите да бидат вакцинирани, предупреди Сулберг.

Според Националниот институт за јавно здравје, околу 76 проценти од Норвежаните досега биле вакцинирани со најмалку една доза, а 67 проценти од населението се имунизирани со две дози.

Сулберг истакна дека луѓето кои ќе се заразат со коронавирус, ќе мора да се изолираат за да не го шират вирусот.

Таа нагласи дека ограничувањата за патување исто така се олеснуваат и Владата повеќе нема да им препорачува на граѓаните да не патуваат надвор од Европа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

ЦУК: Три активни пожари на територијата на Македонија

Дејан Дејан

„Супорт Кочани“ ја покри втората пратка со компресивна облека во целост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе