Нови 525 случаи на Ковид-19 од 3.858 направени тестирања се регистрирани во последните 24 часа. Пријавени се 18 починати лица, од кои 12 во изминатото деноноќие, а шест со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. Во новиот билтен се евидентирани и 449 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.
Од новодијагностицираните, 268 се во Скопје, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – девет, Гевгелија има шест нови случаи, Струга – пет, Тетово и Радовиш – по четири, Неготино – три, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово по два и по еден новозаразен со коронавирус имаат Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија.
Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица – тројца од Скопје (82г, 83г и 87г), по две починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. По двајца од овие починати се од Тетово и Куманово и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години и од нив само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите пет во домашни услови.
Министертството за здравство информира дека се регистрирани 449 оздравени пациенти – од Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани имаат по девет оздравени, Прилеп, Тетово и Радовиш по седум, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен по пет, Богданци – четворица, Кратово и Виница по двајца и по еден оздравен имаат Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.
