Ковид19 Македонија

Новозаразени 525, пријавени 18 починати, од нив 12 во изминатото деноноќие

Нови 525 случаи на Ковид-19 од 3.858 направени тестирања се  регистрирани во последните 24 часа. Пријавени се 18 починати лица, од кои 12 во изминатото деноноќие, а шест со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин се со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. Во новиот билтен се евидентирани и 449 оздравени пациенти, информира Министерството за здравство.

Од новодијагностицираните, 268 се во Скопје, Куманово – 40, Струмица – 27, Штип – 25, Битола – 23, Охрид –17, Велес и Свети Николе – по 16, Кавадарци – 15, Кичево – 14, Прилеп и Кочани – по 10, Крива Паланка – девет, Гевгелија има шест нови случаи, Струга – пет, Тетово и Радовиш – по четири, Неготино – три, Гостивар, Берово, Валандово и Кратово по два и по еден новозаразен со коронавирус имаат Ресен, Виница, Пробиштип, Демир Хисар и Демир Капија.

Во текот на изминатите 24 часа починале 12 лица – тројца од Скопје (82г, 83г и 87г), по две починати лица од Куманово (75г и 65г) и Тетово (69г и 38) и по едно починато лице од  Прилеп (81г), Демир Хисар (71г), Кичево (70г), Штип (69г) и Делчево (60г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се уште шест лица, со датум на смрт во период од 22 август до 19 септември 2021. По двајца од овие починати се од Тетово и Куманово и по едно починато лице од Кичево и Гостивар. Починатите се на возраст од 56 до 84 години и од нив само едно лице е починато во болнички услови, додека останатите пет во домашни услови.

Министертството за здравство информира дека се регистрирани 449 оздравени пациенти – од Скопје – 246, Куманово – 30, Струмица – 28, Штип – 20, Кавадарци – 14, Кичево – 13, Гостивар – 12, Велес и Свети Николе – по 10, Битола и Кочани имаат по девет оздравени, Прилеп, Тетово и Радовиш по седум, Крива Паланка, Гевгелија и Ресен по пет, Богданци – четворица, Кратово и Виница по двајца и по еден оздравен имаат Неготино, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Истрага за обид за убиство во Шишево

Kristina Kuzmanovski

Убиства и братоубиства како огледало на човечката несреќа и фракционерство

Igor Trajkov

Преку одговорно сопствеништво, вдомување и стерилизација до намалување на бројот на улични кучиња

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе