Членот на ДИК од редовите на Алијанса за Албанците треба да работи и ќе работи според законите и доколку смета дека се кршат не мора да се потпише на избирачкиот список. Ова е ставот на пртетседателот на партијата Зијадин Села, откако членот на ДИК од оваа партија Кренар Лога, посочи дека 700 гласачи од Чучер Сандево ќе го остварат своето право во Општина Бутел.
„ Мислам дека нашиот член во ДИК се однесува според прописите и законите и немам никакво право да му кажам да работи против законите“, рече претседателот на партијата Зијадин Села.
Од ДИК пак соопштија дека предлогот за измена не е прифатен и дополнија дека посочените гласачи го оставруваат своето право на глас според општината впишана во личните документи.
Оттаму додаваат дека и доколку Лога не се потпише на избирачкиот список нема да смени ништо бидејќи се усвојува со мнозинство гласови.
