И оваа учебна година, на учениците им е потребна информатичка опрема за следење на наставата, дел од родителите очекуваат помош од училиштата, тие побаруваат од општините, а единиците на локалната самоуправа се обраќаат до Министерството за образование. Во таа спирала, Владата уверува дека секоја година растат блок дотациите и трансферите на општините.
За подобрување на фискалниот капацитет на општините, Владата предлага тие да добиваат поголем процент од даноците што ги собира државата. Со законот утврден на вчерашната седница, единиците на локалната самоуправа од 2022 треба да добиваат наместо 3 – 4 одсто од персоналниот данок, а постепено во 2024-та тој процент да стане 6. Истовремено ќе расте приходот од ДДВ – од сегашните 4 и пол на 6 одсто.
Владата предлага и формирање на Агенција за регионален и локален развој. Ќе располага со средства од централниот буџет и од меѓународни институции за финансирање капитални инфраструктирни проекти. Предлог законот ќе биде испратен во Собранието, но ќе мора да почека до завршувањето за локалните избори.
Соња Николовска
