Ковид19 Свет Топ вести

Во Британија започнува вакцинацијата со трета доза

Во Велика Британија од денеска започнува вакцинацијата против Ковид 19 со трета доза.

Покани за трета вакцина ќе бидат испратени до околу 1,5 милиони луѓе во Англија. Овие акции се дел од програмата на британската Влада за подобрување на имунолошкиот систем на медицинските лица и најранливите Британци.

Министерот за здравство Саџид Џавид изјави дека бустер дозите се важен начин за контрола на коронавирусот пред почетокот на зимата.

Трета доза ќе им биде понудена на деветте приоритетни групи, кои вклучуваат здравствени и социјални работници, оние кои живеат и работат во домови за стари лица и речиси сите постари од 50 години. Исто така, трета доза ќе им биде понудена и на помладите луѓе кои спаѓаат во ризична група.

Оваа доза ќе им се даде само на оние кои ја примиле втората доза пред најмалку шест месеци.

Се препорачува третата доза биде од „Фајзер“, без оглед на претходната вакцина, но како алтернатива може да се користи половина од дозата на „Модерна“.

Во тек се кампањи за бустер вакцините во останатиот дел од  Обединетото Кралство – Шкотска, Велс и Северна Ирска. Здравствените власти велат дека наскоро се очекува да започне вакцинацијата на децата на возраст од 12 до 15 години.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе