Франција итно ги отповика своите амбасадори од Соединетите Американски Држави и од Австралија откако официјална Канбера го прекина договорот со Париз за набавка на конвнционални подморници.
Австралија наместо тоа склучи нов договор за набавка на нуклеарни подморници со САД и Велика Британија и го заврши договорот со Франција. Францускиот министер за надворешни работи Жан Ив Ле Дријан рече дека нивниот потег е оправдан земајќи ја предвид „сериозноста на соопштението“ испратено од САД и Австралија на 16 септември. Целата постапка на своите сојузници, Париз ја опиша како „забивање нож в грб“.
Во своето соопштение Ле Дријан наведува дека откажување на Австралија од големиот договор за набавка на француски конвенционални подморници во замена за нуклеарни американски подморници е неприфатливо однесување.
Амбасадорите се повикани на консултации по барање на францускиот претседател Емануел Макрон.
Одлуката за договорот за нуклеарни подморници е дел од новото ново безбедносно партнерство за Индо-Пацификот од кое се дел САД, Австралија и Британија. Партнерството беше објавено на 15 септември. Новиот проект има за цел да спречи поголемо кинеско поморско влијание во регионот.
Австралискиот премиер Скот Морисон ги отфрли критиките од Франција дека Париз не бил предупреден наведувајќи дека ваков епилог му бил навестен на Макрон на средба во јуни.