Во добра состојба се спасените 12 пациенти од страотниот пожар кој избувна во модуларната болница во Тетово пред два дена. Тие немаат посериозни последици од пожарот и за кратко време биле префрлени на друго одделение во интернистичкиот блок. Деталите околу нивната состојба ги соопшти д-р Гзим Нуредини, од Ковид центарот.
Доктор Нуредини вели дека пожарот за кратко време го зафатил целиот објект. Во извлекувањето на пациентите учествувале и медицинскиот персонал и граѓаните кои биле во близина.
По реакциите во јавноста зошто во објектот имало и други лица кои не биле пациенти, доктор Нуредини вели дека допрва ќе се разгледува тоа прашање.
Во моментов во тетовската болница има 57 хоспитализирани пациенти со ковид-19, а во изминаитите 24 часа имало 36 амбулантски прегледи и 1 починато лице.
Данијела Билбилоска
