Претседателот Стево Пендаровски на својот фејсбук профил изрази сочувство до семејствата и роднините на починатите во пожарот што избувна вечерва околу 21 часот во Ковид-центарот во Тетово.
-Сочувство до семејствата и роднините на починатите во страшната трагедија во Ковид-центарот во Тетово. На повредените им посакувам успешно закрепнување, напиша претседателот Пендаровски на Фејсбук.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
