Социјадемократскиот сојуз без приговори, а ВМРО-ДПМНЕ своите сомнежи за резултатите од предвремените парламентарни избори ги сублимирала во два приговора до Државната изборна комисија. Од опозициската партија, која според првичните официјални резултати има осовоено 44 пратеници, за Телма велат дека нема да поднесуваат поединечни приговори за резултатите по избирачки места. Нивната намера е со приговорите со барање за рачно пребројување на гласовите и за преиспитување на големиот број на неважечки ливчиња, да го опфатат целиот изборен реултат.
„Државната изборна комисија има обврска да ги испита сите сомнежи за неправилности и фалсификати, вклучително и рачно да се пребројат гласачките ливчиња, затоа што не смее да има црна дамка на процесот при ваков масовен поткуп и фалсификат.
Имаме огромен број на неважечки ливчиња, над 30.000, несвојствени за ваква излезност на еден изборен процес“, рече Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ во моментов не можат прецизно да кажат колкав број на гласови сметаат дека им се одземени. Сепак велат дека ќе с еобидат да состават влада, но не откриваат дали веќе започнале преговори за тоа со некоја од албанските партии.
Од СДСМ која освои 46 пратеници пак за Телма информираат дека нема да поднесат приговори на резултатите. Тие претходно најавуваа пригото за ИЕ 3 каде од ремито со ВМРО-ДПМНЕ им го расипа Левица која таму им одзеде едно пратеничко место на социјлдемократите и ги остави со 9 пратеници. СДСМ најавуваа приговори до ДИК само доколку прегласувањето на тоа гласачко место го менува резултатот.
Алијанса за Албанците која освои 12 пратеници до денеска има поднеено 151 приговор, најмногу за изборните единици 5 и 6, но не и за ИЕ1 и ИЕ 2. Тие обвинуваат за невиден изборен грабеж во албанскиот политички блок.
Изјава: Арбен Таравари, Алијанса за Албанците
„Огромно купување, полнење на кутии, гласање на луѓе кои што не се во Македонија во моментот, а ние сме ги дале имињата и презимињата во приговорите, што можат веднаш да се проверат преку МВР дали се влезени во државата и дали биле тука.
Над 20.000, луѓе кои шетале со комбиња со 10 лични карти и гласале по повеќе пати во различни градови и во разлилчни населби во ист град“, вели Арбен Таравари од Алијанса за Албанците.
На прашањето за тоа за колку пратенички места ги чинат тие 20.000 гласови за кои тврдат дека им се украдени Таравари одговори:
„Најверојатно четири – пет“.
Таравари за Телма вели дека Во Алијанса се размислува веќе и за план доколку не бидат прифатени нивните приговори од страна на ДИК и веле дека такво нешто нема да може тивко да помине. Од Алијанса потврдуваат дека добиле понуда од ДУИ за окрупнување на албанскиот блок зад каузата на Интегративците, но од Алијанса се децидни дека тоа им е неприфатливо.
Додека поголемите партии ќе ги ревидираат изборните резултати, некои преку два приговора, некои со неколку десетици, „Левица“ која првпат влегува во Собранието со два пратеника најави дека до ДИК ќе поднесат 425 приговори за изборните резултати.
Од Државната изборна комисија за Телма информираат дека до овој момент до нив не се стигнати приговорите на „Левица“, а веќе ги добиле двата приговорите од ВМРО-ДПМНЕ, 74 од Алијанса за Албанците, како и два приговори од „Демократи“ и по еден од Работничка партија, Интегра, СДУ и коалицијата на Јанко Бачев
Тамара Грнчароска