Избори 2020 Македонија Најважни

ДИК се уште брои гласови- СДСМ со два пратеника пред ВМРО – ДПМНЕ

Во Државната изборна комисија се уште трае пребројувањето на гласовите од вчерашните парламентарни избори. Јавноста останува во неизвесност за точниот број на освоени гласови на политичките партии, бидејќи официјалната интернет страница на ДИК беше хакирана, а детали се објавуваа на јутјуб каналот.

Според првичните податоци на вонредните парламентарни избори минимална предност има  коалицијата “Можеме” на СДСМ, пред ВМРО-ДПМНЕ од два пратеници повеќе 46 наспроти 44, од преброени 96 отсто од гласачките ливичиња или 3459 од 3480 избирачки места.

15 пратеници во новиот состав на Собранието ќе има Демократската Унија за интеграција, Алијансата на албанците 12, Левица сепак по првично обајвените резултатеи разоно изитринава останува со  два (еден во ИЕ 1 и 1 во ИЕ 3), а  пратеници стануваат  Димитар Апасиев во првата изборна единица,  и Борислав Крмов во тројка, а  Демократската партија на Албанците  освои 1 пратеник.

Во првата изборна единица, СДСМ со последните пребројувања рано изутрнива и направената промена во официјалниот софтвер кој беше хакиран сега наместо 7 има 8, со што ја зголеми разликата кон ривалот ВМРО-ДПМНЕ кои имаат 7 пратеници , ДУИ  наместо 3, со последдното пребруванје загуби и сега е со 2, додека Алијансата на албанците останува на 2 и Левица 1.

Во втората изборна единица, СДСМ и , ВМРО-ДПМНЕ освоија по  7, додека  ДУИ  и Алијансата за албанците изедначени со 3 пратеници.

Во третата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ има 10 пратеници, а исто така засега до самиот крај на пребројување 9 има колацијата Можеме на СДСМ, а еден Левица.

Во четвртата изборна единица , ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ имаат по 10 пратеници, во петтата изборна единица по 8 пратеници имаат СДСМ и ВМРО ДПМНЕ,  3-ца пратеници има ДУИ а Алијансата за албанците еден пратеник.

Во 6-тата изборна единица, ДУИ освои 7 пратеници, алијансата за албанците 6, СДСМ освои 4 пратеници а ВМРО-ДПМНЕ 2. Еден пратеник освои Демократската партија на албанците.

До 5 часот изутрина остануваат непребројани гласовите во уште 21 избирачко место. „Можеме“ на СДСМ тесно води со 1,29 % разлика пред ВМРО-ДПМНЕ или 36 наспроти 34,71  % освоени гласови.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Франциск, папата од народот кој се обиде да ја реформира Римокатоличката црква

Дејан Дејан

На Граничниот премин Богородица не очекуваат долготрајно чекање

Дејан Дејан

Обвинителството истражува како се депонира пепелта во РЕК Битола

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе