Грчките царински службеници на граничните премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) за в понеделник, 27 јули, најавија штрајк, соопшти министерството за внатрешни работи (МВР).
Согласно информациите добиени од надлежните органи на Грција, МВР информира дека во периодот од 5 до 9 часот претпладне по македонско време на наведените гранични премини ќе се пропуштаат патнички возила на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Грција.
