Вести Македонија

Кавадарчанец уапсен за измама со обележани 2.000 евра

Полицијата го уапси 32 годишниот М.Д. од Кавадарци кој бил фатен со обележани 2.000 евра на Градскиот плоштад.

Тој е приведен поради измама на кумановка на која ѝ ветувал дека ќе посредува за добивање странски пасош за 400 евра. Потоа почнал да ѝ бара дополнителни парични средства, па за кратко време таа му дала вкупно 9.000 евра, и покрај тоа, тој продолжил да бара уште пари.

По преземените мерки, кај него биле пронајдени 2 000 евра, кои ги земал од пријавителката, а кои претходно биле криминалистичко – технички обработени од полициски службеници од ОВР Кавадарци.

Пред  јавен обвинител,  го признал делото. Ќе одговора за кривично дело „измама“ по член 247 став 1 од Кривичниот законик.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

По најавите од УХМР за нестабилно време, од „Паркови и зеленило“ со апел: Не ги паркирајте возилата под дрвја

Sonja Petrusevska

ЕСМ бара консултант да изработи студија за комбинирана гасна централа во Битола

Дејан Дејан

(Видео) Водата во Крушево е бактериолошки неисправна, мора да се преврива – да не се пие ниту од чешмите кај бензиската пумпа и кај Св. Петка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе