Вести Македонија Најважни

Започнува „меко“ хиперхлорирање во Гостивар – наредната недела се очекува техничка вода

Да се почне со бавно „меко“ хиперхлорирање на водоводниот систем во Гостивар, препорачале експертите во Управувачкиот комитет со кој раководи министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој за Телма вели дека од денеска ќе започне овој процес, но повеќе детали за како ќе се одвива ќе објават на прес-конференција во Гостивар закажана во 16.30 часот.

„Таквата постапка ќе се одвива континуирано до крајот на неделата или почетокот на следната до кога се очекува да се добие некаква техничка вода која би можела да се користи за миење, но не и за пиење. Инаку, последните резултати од испитувањето на водата од аспект на штетни материи се подобри во однос на претходните, но во никој случај таа не е за користење, односно ни блиску не се до дозволените граници“, вели Тошковски.

Резултати од мострите кои без земени пред три дена покажуваа дека водата во гостиварскиот водовод е далеку од технички исправна.

АХВ, ИЈЗ и лабораторијата на скопскиот водовод се трите институции кои ќе вршат секојдневно тестирање на водата од различни локации а во зависност од резултатите ќе се спроведува процесот на хипер хлорирање на системот.

Во меѓувреме во Гостивар дневно ќе се носат по 60 илјади литри флаширана вода за пиење кои ќе се дистрибуираат на одредените пунктови а се прави план за обезбедување на техничка вода и во тој процес покрај членовите на ЗЕЛС кои самите понудиле помош со цистерни ќе помага и АРМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Откако се скарале, татко без дозвола и го зел 10 месечното бебе на сопругата и го однел во Швајцарија

Kristina Kuzmanovski

Со боксови и клоци ја тепал сопругата поради тестамент – се заканил ако не се врати дома до 22 ч., ќе ја запали куќата

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на препораките во Гостивар носи ризик од појава на Хепатит А и други заболувања, предупредува доктор Кочински од ИЈЗ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе