Вести Свет

Во Италија запленети 770 килограми кокаин во пратка со банани

Италијанската финансиска полиција заплени над 770 килограми кокаин со висока чистота во пристаништето Вадо Лигуре, на северозападот на земјата.

Дрогата била пронајдена во 650 пакети, на кои било поставено српско знаме, а била сокриена меѓу палети со банани пристигнати од Еквадор.

Надлежните не соопштија дали ознаките со српското знаме укажуваат на поврзаност со криминални групи од Србија, ниту дали во рамки на акцијата се уапсени српски државјани… Истрагата за крајната дестинација на пратката и организаторите на шверцот е во тек

Според италијанската полиција, станува збор за една од најголемите заплени на кокаин во пристаништето Вадо Лигуре во последните години. Проценетата малопродажна вредност на дрогата изнесува околу 250 милиони евра.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе