Вести Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Валбон Лимани, кандидатот на Филипче, Ахмети и Таравари,  покажа дека за него најважно е да ја зачува функцијата, а не довербата на граѓаните. Наместо да излезе пред јавноста со чувство на одговорност и да признае дека како градоначалник ја носи најголемата одговорност за случувањата во Општина Гостивар, тој избра да се огради од скандалот со водата и да порача дека не чувствува никаква морална одговорност, наведува  ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

Од партијата на власт велат дека токму тоа е суштинската разлика меѓу политичарите кои преземаат одговорност и оние кои секогаш бараат изговори.

  • Кога целиот град е погоден од ваков сериозен проблем, граѓаните не очекуваат оправдувања, туку отчетност. Ако градоначалникот не е одговорен за работата на луѓето што самиот ги поставил да раководат со јавните претпријатија, тогаш кој е? Дополнително загрижува молкот на СДС, ДУИ и Таравари. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, тие избраа да молчат. Очигледно, кога станува збор за нивни функционер, стандардите се менуваат, а принципите исчезнуваат, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата ги повикуваат  надлежните институции целосно да го расчистат случајот, без селективност и без политички калкулации.

  • Граѓаните на Гостивар заслужуваат одговорност, а не ароганција, заслужуваат градоначалник кој ќе стои зад своите одлуки. Оттука, сметаме дека моралната одговорност и политичките последици за Валбон Лимани се неизбежни доколку сака да покаже почит кон граѓаните на Гостивар, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

(Видео)Се огласи Каровиќ: Штом ги затворам очите се сеќавам на експлозијата

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе