Вести Најважни Свет

Трамп се закани со нов воен удар: Следна цел може да биде подземниот нуклеарен комплекс

Соединетите Американски Држави „воопшто не завршиле“ со Иран и предупреди дека следна цел може да биде тајниот подземен нуклеарен комплекс познат како „Пикакс маунтин“, ова го изјави американскиот претседател Доналд Трамп.

Веројатно многу наскоро ќе ја нападнеме таа зона. И тие ништо не можат да направат по тоа прашање – изјави Трамп пред новинарите во Белата куќа.

Според американските медиуми, меѓу кои „Вашингтон пост“ и „Њујорк тајмс“, Иран забрзано гради подземен нуклеарен објект под тоа име, што режимот во Техеран го негира. Објектот се наоѓа во близина на поранешниот комплекс во Натанц, кој беше бомбардиран од САД во јуни 2025 година.

Ако сега си заминеме, на Иран ќе му требаат од 20 до 25 години за да го обнови. Но ние воопшто не сме завршиле – нагласи Трамп.

Американската армија во текот на ноќта по десетти пат бомбардираше иранска инфраструктура, особено командни центри и поморски цели. Во одговор на тоа, Иран соопшти дека погодил цели во соседните земји – сојузници на Вашингтон во Кувајт, Бахреин и Јордан.

Трамп, исто така, предупреди дека САД ќе одговорат доколку јеменските бунтовници Хути, кои се поврзани со Техеран, ја исполнат заканата за блокада на пловидбата во Црвеното Море.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВМРО-ДПМНЕ: Валбон Лимани бега од одговорност за скандалот со водата

Kristina Kuzmanovski

УХМР со предупредување за невреме со град и ветер над 60 km/h

Kristina Kuzmanovski

(Фото/Видео) Сакала да избегне контрола, царински службеници ја фатија на Аеродром со накит „Сваровски“ вреден 333 илјади денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе