Вести Македонија Топ вести

(Видео) Улици претворени во реки – силно невреме вечерва ја зафати Битола

Големо невреме со силен дожд, грмотевици и ветер ја зафати Битола околу 20:30 часот вечерва. Силните врнежи кои траеја половина час ги претворија битолските улици во реки.

Една од најкритичните е сообраќајницата „Филип Втори Македонски“ на крстосницата со улицата „Јане Сандански“ во центарот на Битола, која целосно е поплавена од водата што се слева од населбата Баир.

Сообраќајот се одвива отежнато, а УХМР извести дека во исто време големо невреме ја зафати и Преспа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Португалија е првата членка на ЕУ во мрежата HealthAI за надзор на примената на вештачка интелигенција во здравството

Sasko Dimovski

Дванаесет години затвор за поранешен италијански директор поради уривање на мостот Моранди во Џенова кој однесе 43 човечки животи

Sasko Dimovski

Престој со студентска виза до четири години, странските новинарите до 240 дена – нов чекор во имиграциската политика на САД

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе