Вести Македонија

Овчата сипаница се шири низ истокот – опфатени бачила во четири општини

Овчата сипаница се шири низ истокот, потврдени се нови случаи на сипаница кај овците и козите во одгледувалиште во селото Саса во Македонска Каменица. Инаку само за 15 дена оваа болест има зафатена бачила во четири општини во Источниот регион и тоа Свети Николе, Чешиново-Облешево, Делчево и Македонска Каменица.

Од Агенцијата за храна и ветринарство велат дека досега се уништини повеќе од 1.400 животни, а депопулацијата ќе продолжи и во новите жаришта, откако ќе бидат обезбедени локации за нивно безбедно отстранување.

Во заразените одгледувалишта се спроведуваат строги мерки, се врши депопулација на цели стада, дезинфекција и епидемиолошки испитувања. АХВ, одржа итен состанок со здруженијата на одгледувачи на овци и Сојузот, на него било посочено дека болеста не преставува опасност за луѓето, а биле презентирани и мерките за нејзино сузбивање.Сточарите се информира дека останува на сила забраната за движење и транспорт на овци и кози во заштитните зони.

Производите од погодените подрачја се ограничени за промет, а млекото може да се користи само по термичка обработка. Во земјава на почетокот на годината е регистриран првиот случај на сипаница кај овците во Кумановскиот регион, по што се прошири кон стадата во Брегалничкиот регион, опфатени се околу 2.700 овци и кози.

Викторија Димитрова Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Јавен повик, тајни понудувачи, се уште не се открива кои компании се јавиле на повикот за нови автобуси

Дејан Дејан

Преполни контејнери и расфрлан отпад – Комунална хигиена најавува подобрување од август

Tea Dimkovska

Преку случај на шверц на кокаин скриен меѓу тегли со пиперки- македонските судови одлучија дека комуникациите од заштитената Скај апликацијата се докази во борба против организиран криминал

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе