Речиси пет месеци откако беше избран за уставен судија Гоце Наумовски тивко се повлече. Толку тивко што ниту колегите не знаеле за оставката.
„До Судот, од страна на судијата Гоце Наумовски не е доставена официјална информација дека поднесува оставка. Судијата денеска беше отсутен од седницата. Официјална потврда не е пристигната ниту од Собранието. Претседателот Костадиновски единствено доби потврда за оставката во телефонски разговор од претседателот на Собранието, Африм Гаши“, соопштуваат од Уставен суд.
Неотповикливата оставка пристигнала само на адреса во Собрaнието од каде потврдија дека во неа кусо стои дека ја поднесува од лични и професионални причини. Според извори на Телма, уставните судии утрово го чекале Наумовски да дојде на седницата на која прв точка беше гласање предметот за изборниот законик за платено политичко рекламирање по иницијатива на Левица и Демократи.
Тој не се појавил, а според нашите информации дел од колегите се обиделе и да воспостават контакт со него, но не успеале. Затоа биле затечени и изненадени од информацијата дека тој поднел оставка, а ниту усно ниту писмено не им кажал.
Колегите со кои разговараше Телма не знаат ниту кои се личните и професионални причини кои стојат зад оставката на Наумовски. Тој бил отсутен и на вчерашната седница, но и на онаа минатата недела кога се дискутираше за иницијативата за изборниот законик и тогаш соодност на гласови бил 4 наспроти 3 за да не се поведе иницијатива за оценување на уставноста за изборниот зкаоник во делот за распределба на парите за изборни реклами. Но за да се донесе одлука потребни се најмалку 5 гласа. Затоа денеска повторно е ставен изборниот законик, но поради повторното негово отсуство не се одлучувало за предметот. Неговиот глас би бил клучен доколку гласа како четворицата колеги кои се против инцијативата за поведување на постапка за уставноста на изборниот законик. Доколку гласаше за поведување резултатот ќе беше изедначен.
На предлог на владеачкото мнозинство собранието го избра Наумовски на 18 февруари годинава. Тој е професор на катедрата по римско право на правниот факултет „Јустинијан Први“ , пред изборот беше надворешен советник на премиерот, а тој е и брат на поранешниот вицепремиер за европски прашања Васко Наумовски.
Тој дојде на професорката Јадранка Дабовиќ-Анастасовска во декември лани оставка од лични и здравствени причини поднесе. Со ова уставниот суд е без двајца судии. Собранието се уште го нема изгласано предлогот на судски совет претседателката на скопска Апелација Мери Дика Георгиевска да биде уставна судијка. На 8 април точката беше ставена на дневен ред но поради отсуство на претставник од Судкси совет не се одржа и од тогаш повторно не дојде на дневен ред.
Елена Ивановска Мукоска
