Вести Македонија Топ вести

Косовски државјанин со возило влечеше цариник на Блаце и побегна – уапсен е во Скопје

Синоќа околу 22:00 часот  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје на ул. „Јадранска магистрала“ во Скопје, го лишија од слобода косовскиот државјанин Р.Е. (24).

Тој беше во бегство откако претходно на граничниот премин Блаце, додека царински службеник вршел преглед на неговото патничко возило „бмв“ со косовски регистарски ознаки, Р.Е. го стартувал возилото, го оттурнал и го влечел неколку метри царинскиот службеник со возилото, по што се дал во бегство кон Скопје.

Веднаш се преземени мерки и активности од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција и возилото е запрено, а лицето лишено од слобода.

При тоа, извршен е преглед на теренот и пронајдена е кеса со марихуана, а во возилото е пронајден џебен нож. Тој пријавил и дека додека бегал, фрлил кеса во која имало два пиштола. Р.Е. е приведен во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе