Вести Македонија Топ вести

Ревизија: Паркинзи Центар должи 86 милиони денари

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во работењето на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – Скопје за 2024 година.

Меѓу клучните забелешки се 86 милиони денари неуплатена комунална такса кон буџетот на Општина Центар и 20 милиони денари застарени побарувања.

Ревизијата покажала слабости во финансиското управување, евиденцијата на опремата и објектите, благајничкото работење и постапките за јавни набавки.

За финансиските извештаи е дадено неповолно мислење, а за усогласеноста со прописите мислење со резерва.

Од Заводот посочуваат дека дел од побарувањата се постари од шест години без преземени мерки за наплата, а утврдени се и неправилности во пресметката на плати и надоместоци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АХВ: Нови жаришта на сипаници кај овци и кози

Kristina Kuzmanovski

Ослободителна пресуда за Латас, обвинителот се откажал од обвинението за ,,Тотал”

Kristina Kuzmanovski

Одреден притвор за осомничените за убиството на Трповски

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе