Вести Македонија Најважни

Го користел владиниот лирџет за приватни посети, сe возел со рент-а-кар платен со државни пари – екс директорот на СОЗР е обвинет за злоупотреба на 130 000 евра

Го користел владиниот лирџет за лични цели, тој и сопругата си возеле рент а кар платени со државни пари за транспорт на бегалците од Авганистан, не го отпуштил пилотот кој не можел да го вози владиниот авион. Обвинителството поднесе обвинение за злоупотреба на службена положба против поранешниот директор на СОЗР Пеце Мирчески и му пресмета дека предизвикал штета од околу 8 милиони денари односно околу 130 илјади евра.

Обвинителството утврдило дека Мирчески упатувал вработени во СОЗР на службени патувања и потпишувал дневници без да постои основа за такви патувања, но и дека екс директорот на Службата го користел владиниот авион за приватни потреби.

 

За приватни потреби и без да постои основ го користел владиниот авион Лирџет 60, а при патувањата од сметката на СОЗР се вршени плаќања по разни основи. Освен тоа, за хотелски и угостителски услуги обвинетиот неосновано користел средства од службената картичка издадена на негово име.  На тој начин го оштетил Буџетот на СОЗР за значителен вкупен износ од 2.562.139 денари. (41.600 евра)

Делата за кои се товари Мирчески, според обвинителството биле извршени меѓу јули 2021-ва и јуни 2024. Во последната година од мандатот му овозможил на пилот на лирџетот да зема плата иако знаел дека тој пилот не ги исполнува условите за да лета со владиниот авион. Пилотот зел околу 80 илјади евра плати за период од 8 месеци.

Обвинителството соопшти и дека Мирчески потпишал со фирма за рент а кар за транспорт на авганистански бегалци, а за време и по престанокот на неговиот мандат, директорот и неговата сопруга користеле возила рен а кар без да платат на фирмата и патувале низ Македонија, но и во странство. За фирмата не се најдени докази и е прекината истрагата.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Турски суд издаде налог за апсење на Нетанјаху

Kristina Kuzmanovski

Претставничкиот дом на САД гласаше за укинување на летно и зимско сметање на времето

Sonja Petrusevska

СДСМ: Дали Мицкоски и за ослободувањето на Груевски имаше чувство?

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе