Во рамките на годинешното издание на манифестацијата „Скопско лето“ вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот и 30 минути ќе биде отворена мултимедијалната изложба „Трага во времето“.
Изложбата претставува емотивно и документарно сведоштво за десетгодишниот развој на Националниот џез оркестар. Преку автентични фотографии, архивски материјали и приказни, посетителите ќе имаат можност да проследат дел од патот исполнет со творечка посветеност, значајни соработки и незаборавни музички моменти.
Во поставката се опфатени дела од фотографките Татјана Ранташа и Маја Аргакијева.
