Вести Македонија Топ вести

Возел 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар на место на кое е дозволено 80 – возачот приведен, возилото одземено

Возач е лишен од слобода, а возилото му е одземено откако со специјално возило пресретнувач било утврдено дека возел со брзина од 179 км./ч. на патот Тетово – Гостивар, пред клучка Врапчиште, каде е дозволено 80 км./ч.

„На 12 јули во 19:35 часот на патот Тетово – Гостивар, поточно пред клучка Врапчиште од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена брзина на движење на возило од 179 км./ч., каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км./ч. По насоки на јавен обвинител возачот Л.М. (27) од Тетово е лишен од слобода а возилото кое го управувал марка “мерцедес” со тетовски регистарски ознаки е одземено за понатамошна постапка“, велат од МВР.

Против возачот Л.М. од Тетово се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по член 297-а од Кривичниот законик на РСМ.

Од МВР највуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на целата држава, со цел санкционирање на сторителите, зголемување на безбедноста и заштита на учесниците во сообраќајот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Kristina Kuzmanovski

Тројца мртви во напад врз Московската област

Sasko Dimovski

Левица: СДСМ да се изјасни за една изборна единица

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе