Вести Македонија Најважни

(Видео) Ноќеска запален автомобил на судијата Ѓоко Ристов

Целосно изгоре ноќеска патнички автомобил „пасат“ со скопски регистарски ознаки во скопската населба Тафталиџе, при што пожарот оштети уште две возила и деловен објект.

Aвтомобилот бил поврзан со судијата Ѓоко Ристов.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен ноќеска околу 02:50 часот во СВР Скопје.

„На 13.7.2026 околу 02:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Скопје, на територија на Карпош, било опожарено патничко возило ‘пасат’ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.“, соопшти МВР.

Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С., како и деловен објект сопственост на Г.Л.

Пожарот бил локализиран и изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Од полицијата велат дека во тек е увид на местото на настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителите бараат Уставниот суд да одлучи за платите

Sasko Dimovski

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините за 1,5 денари – горивата со нови цени од полноќ

Sasko Dimovski

Два тона млечни производи се запленети во Грција, биле превезувани со камион без ладилник

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе