Опозициските СДСМ, Левица и ДУИ не сакаат нов Изборен законик, туку политичка блокада, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
„Венко Филипче после четири месеци преговори во Собранието за Изборниот законик најде нов изговор и се сети дека му се потребни експерти. Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДС, Левица и ДУИ, трите партии си подготвуваат алиби поради стравот од избори и пораз. ВМРО-ДПМНЕ останува подготвена веднаш да прифати договор меѓу опозициските партии, доколку тоа овозможи конечно да се олесни гласањето на дијаспората. Одговорноста ако Македонија продолжи со стариот Изборен законик е целосно на СДС, Левица и ДУИ“, стои во соопштението на владеачката партија.
