Вести Македонија

СДСМ: Владината реконструкција е театар на Мицкоски, нема напред со стара влада во нова амбалажа

Реконструкцијата на владата е театар за народ и замена на фотелји, е оценка на опозициската СДСМ во пресрет на 112 собраниска седница која се очекува да започне денеска на која се планирани разрешувања на досегашни членови на владата и именување на нови.

„Мицкоски нема никаков резултат зад себе, па денеска ќе прави нов политички театар. Стариот кабинет со нов распоред, односно козметичка промена на фотелји во истата криминална структура. Некои министри се преместуваат, доаѓаат неколку нови имиња, но клучните ресори и клучниот центар на моќ останува во истите раце на Христијан Мицкоски. Кога економијата стагнира, кога граѓаните живеат сè потешко, кога цените растат, кога европскиот пат е блокиран, а Владата нема одговори за ниту еден суштински проблем, Мицкоски се обидува со реконструкција да го пренасочи вниманието од сопствениот неуспех. Со оваа реконструкција не се менуваат политиките, не се поправаат грешките и не се презема одговорност. Се менуваат само фотелјите, додека истите луѓе продолжуваат да управуваат со државата. Реконструкцијата сама по себе е признание дека Владата не испорача резултати. Македонија не може да оди напред со стара Влада во нова амбалажа“, се наведува во соопштението на СДСМ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Автобус со турски регистарски таблички удри во мотоцикл кај хотелот „Бристол“

Sasko Dimovski

Маж во алкохолизирана состојба ја нападнал сопругата, синот го убил со нож – приведен 31-годишен скопјанец

Sasko Dimovski

ВМРО-ДПМНЕ: Блокадата на Изборниот законик е заеднички проект на СДСМ, Левица и ДУИ, си прават алиби за изборен пораз

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе