Унгарскиот премиер Петер Маѓар остана во Турција на краток одмор со синовите по самитот на НАТО во Анкара. Пред самитот на Алијансата беше во Истанбул и во Коџаели, каде ја посети спомен куќата на Имре Токељи, унгарски историски лидер.
Маѓар на социјалните мрежи објави видео од одморот на кое се гледа како вози џет-ски, се спушта низ тобоган со децата и се шета на плажа.
На критиките во домашната јавност, Маѓар одговори дека одморот е во сопствена режија и оти станува збор за приватно патување.
„Малку посебно издание за пропагандистите. Минав продолжен викенд во Турција со своите деца, а сите трошоци ги платив сам“, порача унгарскиот премиер.
