Министерството за здравство (МЗ) информира дека добило известување од компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот Фостер дека во најскоро време повторно ќе биде достапен без доплата за пациенти со астма и хронична опструктивна белодробна болест или ХОББ.
Известувањето на МЗ доаѓа по реакциите во јавноста во изминатиот период дека болните од астма и ХОББ, во аптеките не можат да купат Блоцета, кој беше најавен како поевтина алтернатива, туку само Фостер кој се продаваше по новата цена (1.081 денар), односно со доплата од 781 денар. Фостер, пред поскапувањето, чинеше 300 денари.
С.Д.
