Вести Економија

Дизелот поскапува за два и пол денари за литар, бензините за денар – нови цени на горивата од полноќ

Дизелот се зголемува за 2,5 денари, а бензините поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Литар Еуродизел од полноќ ќе се продава за 82,5 денари, литар Еуросупер БС-95 ќе чини 85,5 денари, а литар Еуросупер БС-98 ќе изнесува 87,5 денари.

Се зголемува цената и на Екстра лесното масло за домаќинство за 2 денара и литар од полноќ ќе се продава по 81,5 денари. Цената на Мазутот М-1 НС, пак, се намалува за 0,265 ден./кг. и од почноќ ќе чини 41,230 денари.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најмалку 15 убиени во жестокото руско бомбардирање на Киев – Украина предупредува на недостиг од пресретнувачки ракети

Дејан Дејан

Стотици илјади луѓе на улиците на Техеран за погребот на Хаменеи – гласни скандирања „Смрт за Америка“ и „Смрт за Израел“

Дејан Дејан

(Видео) Не успеавме да ги собориме балистичките ракети, немаме со што – Зеленски по масовниот руски напад врз Киев

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе