Вести Македонија Топ вести

Пожар избувна во магацин во скопската населба Кисела Вода

Голем пожар попладнево избувна во магацински простории на Јужен булевар во скопската населба Кисела Вода, при што поради интервенцијата на терен, во дел од населбата се исклучени и струјата и водоснабдувањето.

Густ црн чад беше видлив од повеќе делови на Скопје, а на местото интервенираат екипи на Бригадата за противпожарна заштита кои работат на локализирање и гаснење на пожарот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека се запалил магацински или друг објект на Јужен булевар. Тој посочи дека од внатрешноста на објектот се слушале пукотници, кои најверојатно биле предизвикани од електричната инсталација.

Надлежните служби засега не соопштуваат информации за евентуално повредени лица, ниту за причините за избувнувањето на пожарот. Повеќе детали се очекуваат по завршувањето на интервенцијата

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лекција за несовесните поединци во Тетово: Фатен на дело 54 годишник како фрла отпад во река

Дејан Дејан

Изборниот законик нема да биде дел од спроведните реформи до јуни

Дејан Дејан

Малолетничкоо насилство во подем, експертите порачуваат институциите да преземат акција за да не стане предоцна

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе