Секојдневно во полицискиот билтен е регистриран по некој физички напад врз малолетник или напад со остар предмет.
Зголемување на врсничкото насилство во последните години има и потребна е поголема превенција пред се од образовните институции, вели во разговор за Телма, пензионираниот полициски началник Љубомир Ѓурчевски.
Во однос на казнување на родителите Ѓурчевски е поборник дека и тие треба да сносат одговорност кога нивното дете извршило напад или врсничко насилство врз малолетници.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
