Uncategorized Вести Македонија

Украдени учебници од училиште во Ѓорче Петров и запалени во дворот на школото

Непознати лица вчера во периодот од 04:00 до 05:00 часот насилно влегле во основно училиште во општина Ѓорче Петров од каде украле учебници и ги запалиле во дворот на школото.

Потоа со употреба на физички сила ги оштетиле влезните врати од спортската сала и од таму ги  извадиле дватапротивпожарни апарати за да го изгаснат огнот од запалените книги.

Полицијата утринава изврши увид во школото и најави дека спроведува мерки за да ги фати сторителите. МВР не соопшти за кое училиште се работи, освен дека е основно.

„На 03.07.2026 во 13:35 часот во СВР Скопје, од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје е пријавено дека во временски период од 04:00 до 05:00 часот на 03.07.2026 со употреба на физичка сила биле оштетени влезните врати од спортската сала, од каде биле извадени два противпожарни апарати, кои биле употребени во дворот на училиштето, каде биле запалени учебници, исто така одземени од училиштето. Извршен бил увид од увидна екипа и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, пишува во соопштението од МВР.

Зачестени се упадите во школите – на почетокот на мај годинава едно лице насила влезе во   најголемото штипското основно училиште „Ванчо Прке“ во Штип, и уништи надгледни средства, смарт табли, комјутери а се обиде и да поплави еден од катовите на училиштето.

Тогаш надлежните најавија дека ќе се постават видео надзор  и алармни системи во училиштата, а ќе се ангажираат и агенции за обезбедување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската комисија признава дека ЕЕС предизвикува проблеми, но инсистира дека придобивките од него се далеку поголеми

Дејан Дејан

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе