Вести Свет Топ вести

Протести на антифашистичката алијанса против конгресот на АФД во Германија

Илјадници демонстранти се собраа во германскиот град Ерфурт каде крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија ја одржува својата национална конвенција. Протестите само потврдуваат колку контроверзна останува партијата и покрај подемот на нејзината популарност изминативе години во Германија.

Одлуките на партиското лидерство продолжуваат да ја зголемуваат нејзината контроверзност, затоа што оваа конвенција се поклопува токму на стогодишнината од конгресот на нацистичката партија, одржан во соседниот град Вајмар, и на кој Адолф Хитлер ја консолидирал својата лидерска позиција на тогаш сѐ уште младото фашистичко движење.

Дојдовме овде затоа што сакаме да ја блокираме и спречиме партиската конвенција на АФД. АФД води фашистички политики, заговара масовна депортација и терор на улиците, додека сепак во исто време не нуди никакви реални решенија. Води политики од кои придобивки имаат богатите, а не обичните граѓани. Ние во алијансата сакаме општество во кое сите луѓе ќе имаат еднакви можности и ќе бидат безбедни. Сакаме општество засновано на солидарност. Токму тоа сакаме да го порачаме и демонстрираме денеска на улиците. Затоа сме овде, изјави Лена Раупах, портпаролката на антифашистичката алијанса.

Политичките опоненти на „алтернативците“, но и за историчарите, изборот на времето и местото на оваа конвенција го сметаат за моќна симболика, што нормално лидерите на партијата го негираат.

Наше основно и законски дозволено право е да одржуваме партиски конвенции. Не постојат мирни блокади, не постојат демократски блокади, ниту пак бандите насилници го заслужуваат безопасниот епитет „цивилно општество“. Овие проблематични луѓе се последното средство на нашите политички ривали, порача на самиот почеток на конвенцијата ко-лидерот на партијата, Тино Чупала.

Но, и покрај контроверзната природа на нејзиното политичко дејствување преку намерните и ненамерните паралели со Националсоцијалистичката партија на Хитлер, популарноста на Алтернатива за Германија се покажува имуна на скандалите и нападите, и продолжува да расте.

Овде партијата се очекува да го потврди реизборот на ко-лидерите Алис Вајдел и Тино Чурпала, но уште поважно, да проектира слика на единство и сила откако стана најголема опозициска партија во Германија. Се чини дека таа популарност продолжува да расте, профитирајќи од разочараноста на гласачите поради владините политики во економијата и миграцијата, смета дописникот на Асошијетед прес Дејвид Кејтон.

По второто место на минатогодишните парламентарни избори партијата се надева дека до наредните ќе успее да го одржи трендот на раст и ќе има шанси да ја преземе федералната влада.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европската комисија признава дека ЕЕС предизвикува проблеми, но инсистира дека придобивките од него се далеку поголеми

Дејан Дејан

Паметни камери во справување со пожари

Дејан Дејан

Партиите повторно не успеаја да се договорот за Изборниот законик

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе